Запознај модератор

Лемана Латифовиќ Бакиќ

- Учество во програма Форуми во заедницата во: Проектен форум - Општина Берово Проектен форум - Општина Свети Николе Проектен форум - Општина Кратово Проектен форум - Општина Валандово Буџетски форум - Општина Прилеп - Модератор на форумскиот
40 Years ZELS

Квалитетната услуга на сертифицираните модератори значаен фактор за поголема примена на „форумите во заедниците“ во општините

ЗЕЛС продолжува со реализација на активности за подобрување на квалитетот на услугите на 37-те сертифицирани модератори за спроведување на граѓанската алатка „ форуми во заедницата“. На 23 март, 2016 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот беше одржана работилница на која беа поканети сите сертифицирани модератори, претставници од Швајцарската Агенција за соработка и развој (СДЦ), од Единицата за координација на форумите, како и експерти на Програмата, со цел да се овозможи размена на искуствата од досегашното спроведување на форумските сесии во општините, да се изнесат предизвиците но, и да се утврдат начините на нивното надминување.

ОГЛАС за пријавување на општините за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2016 година

Програмата „Форуми во заедницата“ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во соработка со ЗЕЛС објавува ОГЛАС за пријавување на општините за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2016 година

Изборот на сертифицирани форумски модератори е во завршна фаза

едницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, во рамките на своите редовни активности од почетокот на минатата година го вклучи и процесот на сертификација на форумски модератори. Со последниот, трет круг на сертифицирање спроведен и реализиран од страна на ЗЕЛС, на листата на сертфицирани модератори се впишани вкупно 37 лица. Поголем број од нив веќе имаат креиран и објавен профил на интернет старницата www.forumski-moderatori.mk , која е во функција веќе трета година, а развиена за потребите на модераторите и на општините.

БАРАЊЕ ПОНУДИ за ангажирање на двајца консултанти за подготовка и спроведување на процесот на сертификација на модератори

Во рамките на Програмата на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) „Форуми во заедницата“, Единицата за координација на форумите – ЕКФ во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС спроведуваат процес за сертификација на форумски модератори. Согласно ова, програмата има потреба од ангажирање на двајца консултанти за подготовка и спроведување на процесот на сертификација на модератори. Општата цел на програмата „Форуми во заедницата“ е да се подобри партиципативниот развој на заедницата и доброто локално управување преку примена на структуриран инструмент за граѓанско учество - Форуми во заедницата.

Трајановски и амбасадорот, Лазорото ќе ги врачат сертификатите на 12 нови модератори за водење на „форумите во заедницата“

Утре, на 05 јуни, 2014 година (четврток) со почеток во 10.00 часот, во хотелот„ „Холидејин“, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија -ЗЕЛС, ќе организира свечена церемонија за доделување на сертификати за модератори за “форуми во заедницата”. Вкупно, 27 кандидати досега се стекнаа со овој сертификат, а на оваа свеченост сертификат ќе добијат новите 12 кандидати.

ЗЕЛС активно се подготвува за целосно преземање на водечката улога во спроведувањето на форуми во заедниците во локалните заедници

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија- ЗЕЛС, постепено ќе ја презема водечката улога во поддршката за локалните власти во земјава, за активна примена на алатката за граѓанско учество- ,,форуми во заедниците“. Веќе осум години, голем број на општини, преку реализацијата на форумските сесии им овозможуваат на своите граѓани активно да се вклучат во решавањето на приоритетните проблеми на локално ниво, во донесување на одлуки кои ќе им овозможат да ги подобрат условите за живот на своето подрачје. Од реализацијата на „ форумите во заедниците“ голема полезност има и самата локална власт, која на овој начин развива транспарентна и отчетна локална самоуправа, односно обезбедува општинската администрација да развие партиципативно и одговорно локално владеење во кое граѓаните ќе имаат доверба.