Запознај модератор

Веса Шкортова

Петнаесет годишно искуство во развој на локалните заедници и граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Искуство во менаџирање, ентузијазам и способност за работа во тим.
40 Years ZELS

ОГЛАС за пријавување на општините за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2016 година

Анимал медика oglas-za-prijavuvanje-na-opshtinite-za-sproveduvanje-na-budjetski-forum-vo-tekot-na-2016-godina

 

Програмата „Форуми во заедницата“ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во соработка со ЗЕЛС објавува 

 

ОГЛАС
за пријавување на општините 
за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2016 година

Програмата „Форуми во заедницата“ претставува платформа за развој која има за цел: (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот преку свое учество и со сопствени идеи и 2) локaлните власти да развиjат транспарентно и отчетно владеење. Програмата има за цел да го поддржи граѓанското учество и развојот на заедниците на локално ниво преку организирање на форумски сесии. Преку буџетски форуми општината заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот буџет за 2017 година. 

Право на учество имаат сите општини во Република Македонија кои претходно учествувале во Програмата „Форуми во заедницата“ со спроведување на кој било вид на форум/и (проектен, тематски, меѓуопштински или буџетски) и кои го имаат воведено форумот во Статутот на општината.

Целосната апликација заедно со упатството за пријавување треба да се преземе од вебсајтот на Програмата „Форуми во заедницата“: www.forumivozaednicata.com.mk или од вебсајтот на ЗЕЛС: www.zels.org.mk

Правилно пополнетите формулари за пријавување со сите придружни документи треба да се достават до Единицата за координација на Форумите на долунаведената адреса по пошта или доставувач.

Единица за координација на форумите
ул. „Пиринска“ бр, 45/2/13
1000 Скопје, Република Македонија

Рокот за пријавување е 04 март 2016 година. За дополнителни информации обратете се на Ирена Спирковска, координатор за програма и односи со јавност (тел. + 389 2 3119 106).

 

Насоки за пријавување за буџетцки форум за ЕЛС - 2016 Насоки за пријавување за буџетцки форум за ЕЛС - 2016

Пријава за ЕЛС за буџетски форум 2016 Пријава за ЕЛС за буџетски форум 2016