Квалитетната услуга на сертифицираните модератори значаен фактор за поголема примена на „форумите во заедниците“ во општините

Анимал медика kvalitetnata-usluga-na-sertificiranite-moderatori-znachaen-faktor-za-pogolema-primena-na-forumite-vo-zaednicite-vo-opshtinite

ЗЕЛС продолжува со реализација на активности за подобрување на квалитетот на услугите на  37-те сертифицирани модератори за спроведување  на  граѓанската алатка „ форуми во заедницата“. На 23 март, 2016 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот  беше одржана работилница на која беа поканети сите сертифицирани модератори, претставници од Швајцарската Агенција за соработка и развој (СДЦ), од Единицата за координација на форумите, како и експерти на Програмата, со цел да се овозможи размена на искуствата од досегашното спроведување на форумските сесии во општините, да се изнесат предизвиците но, и да се утврдат начините на нивното надминување. На овој начин ЗЕЛС постепено ја зацврстува својата улога на сигурен партнер кој ќе продолжи да ја поддржува реализацијата на оваа граѓанска алатка во општините, како важен сегмент од зацврстувањето на граѓанското учество во донесувањето на одлуките на локално ниво, обезбедува транспарентно работење на општините и претставува значаен сегмент од демократизацијата на целокупното општество. 

На работилницата присутните дискутираа за начините како општините помасовно да го применуваат овој граѓански концепт и за можностите за подобрување на самиот модел на одржување на форумските сесии и по завршувањето на десетгодишната донаторската поддршка, кога локалните власти добиваа и финансиска поддршка при спроведувањето на форусмките сесии   Беше заклучено дека е потребно навремено и комплетно информирање на градоначалникот за придобивките од примената на оваа алатка, зајакнување на улогата на општинските координатори како етаблиранипретставници од општината кои ќе умеат да ја подигнат свеста кај локалната администрација и  советниците за потреба од зголемување на процент на донесени одлуки на локално ниво во кои бил слушнат гласот и предлогот на граѓанинот; добро обучени тимови на локално ниво кои на едноставен начин би ги пренеле предлозите од општината, особено оние кои се однесуваат на буџетот на локалната власт пред населението; потоа поголема соработка меѓу општините кои спроведуваат форуми, со поканување на претставници од соседните општини за да добијат поголеми искуства за примената на форумите и обезбедување на “Budgetfriendly” обука за клучните лица од страна на општината( одговорни за финансии, општински координатор) во делот на соодветно преставување на буџетот пред граѓаните .

Во однос на зајакнување на капацитетите на сертифицираните модератори беше посочена важноста од меѓусебна континуирана координација и размена на искуства, што  впрочем ЗЕЛС од минатата година интензивно го поддржува. Искусни модератори и на оваа работилница презентираа за научените лекции и предизвици со кои се соочувале тие во изминативе години при модерирањето на разни видови форуми. Навремено  информирање за што поголемо присуство на модератори на сесиите  на своите колеги, и кога тие не модерираат, со цел стекнување на поголемо искуство за  успешно справување и натамошно реализирање на форумите и  улогата на модераторот да не биде само координатор на сесиите туку и тој да ги поттикнува  локалните власти да се соочат што повеќе со своите граѓани при донесувањето на важни одлуки од значење за  граѓаните, посочувајќи ги полезностите што ги обезбедуваа „  форумот во заедницата“