Запознај модератор

40 Years ZELS

Изборот на сертифицирани форумски модератори е во завршна фаза

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, во рамките на своите редовни активности од почетокот на минатата година го вклучи и процесот на сертификација на форумски модератори. Со последниот, трет круг на сертифицирање спроведен и реализиран од страна на ЗЕЛС, на листата на сертфицирани модератори се впишани вкупно 37 лица. Поголем број од нив веќе имаат креиран и објавен профил на интернет старницата www.forumski-moderatori.mk , која е во функција веќе трета година, а развиена за потребите на модераторите и на општините.Со оглед на тоа, што изборот на десетте нови општини кои ќе спроведуваат Буџетски форум во општината е завршен, во тек е постапката за избор на форумски модератор. Изборот на модератори се врши од страна на општината, но како основен извор на информација им е интернет страницата каде што подетално може да се запознаат со образованието, искуство и интересите на сертфицираниот модератор. ЗЕЛС е непосредно вклучен во овој процес преку информирање на општините, поддршка при обезбедувањето на информации за модераторите, додека пак Единицата за координација на форумите-ЕКФ го координира процесот на избор, техничка, експертска и логистичка поддршка на општините за отпочнување со форумските процеси.                                                                                                                                  Со цел овозможување побрз, поефикасен и транспаретнер избор на модератор, ЗЕЛС на оваа веб страница ги објавува и документите кои им се од помош на општините за изборот на ТИМ за организирање на форуми во општината, вклучително и модераторот. Во прилог и материјалите за избор на ТИМ за организирање на форумски сесии:                                                     Следно, согласно активностите,  ЗЕЛС ќе спрведува мониторинг на работата на модераторите, но и индиректно на самиот форумски процес во општините кои ќе спроведуваат буџетски форум од овој циклус, а кај некои од нив и на последните форумски сесии од претходниот циклус. Ова е во насока на проверка на квалитетот на модераторите, и поддршка на истите преку дополнителни обуки, учество на форумски сесии итн.

Oglas Oglas