Запознај модератор

40 Years ZELS

Добредојдовте на интернет страницата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“

ПОЧИТУВАНИ,

Добредојдовте на  интернет страницата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“.За сите најнови настани и активности  кои се дел од овој проект ќе бидете навремено известени токму на оваа информативна страна на ЗЕЛС, равиена за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“. На исто место, навремено и  брзо, сите заинтересирани страниќе ги добијат сите неопходни информации за самиот процес на сертификација на модераторите вклучени во Форумите на заедницата.  На нашата интернет страница се наоѓаат корисни информации за Проектот “Сертифицирање на форумските модератори“. Овде се поставени материјалите за полагање на испитот,  а тука ќе дознаете и за критериумите кои треба да ги исполнат заинтересираните кандидати. Овде се објавува иПовикот за пријавување на кандидатите за полагање на испитот. Од ова место,  навремено ќе бидете информирани и за термините за обука на кандидатите, како и за закажаните датуми за полагање на  писмен и устен дел од испитот.                                                                               Централното место на интернет страницата е резервирано за Регистарот на сертифицирани модератори. Општините кои се заинтересирани за спроведување на форуми во заедницата, а со тоа и ангажирање на сертифициран модератор, од овде ќе ги добијат сите податоци за лицето, за неговите квалификации и искуство во модерирање. ЗЕЛС овозможува еднаквост, транспаретности достапност до податоците на сите сертифицирани модератори, на ова место,  креирајќи ја оваа интернет страницаза потребите на своите членки.

Со почит,

 

ЗАЕДНИЦА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА