Запознај модератор

40 Years ZELS

БАРАЊЕ ПОНУДИ за ангажирање на двајца консултанти за подготовка и спроведување на процесот на сертификација на модератори

БАРАЊЕ ПОНУДИ за ангажирање на двајца консултанти за подготовка и спроведување на процесот на сертификација на модератори

 

Во рамките на Програмата на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) „Форуми во заедницата“, Единицата за координација на форумите – ЕКФ во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС спроведуваат процес за сертификација на форумски модератори. Согласно ова, програмата има потреба од ангажирање на двајца консултанти за подготовка и спроведување на процесот на сертификација на модератори.

Општата цел на програмата „Форуми во заедницата“ е да се подобри партиципативниот развој на заедницата и доброто локално управување преку примена на структуриран инструмент за граѓанско учество - Форуми во заедницата.

 

Главна цел на ангажманот е спроведување на процес на едукација, подготовка и сертификација на модератори кои ќе бидат во можност ефективно и независно да спроведуваат форумски процес.

 

Периодот планиран за спроведување на обуката е април-јуни 2015 г. 

 

На повикот може да се пријават консултанти (поединци), компании и НВОа. Пријавените треба да достават писмо на интерес со јасно назначено име на поединецот и податоци (адреса, телефон, е-пошта) и кратка биографија (CV) како и цена (надомест по ден со сите вклучени трошоци). Доколку се пријавува организација (компанија) тогаш треба во писмото да ги посочи имињата на двајцата предложени консултанти. Понудата треба да вклучи најмногу 8 консултантски дена по консултант.

 

Консултантите/обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование;
  • Познавање на надлежностите, структурата и работата на локалната самоуправа;
  • Искуство во соработка со општините во Република Македонија;
  • Познавање на процесот на партиципативно учество во креирање политики и носење на одлуки на локално ниво;
  • Познавање на процесот на децентрализација;
  • Искуство од најмалку 3 (три) години во имплементација на програмата “Форуми во заедниците“ со одлично познавање на целите, начинот на работа и структура на форумот и видови на форуми;
  • Познавање на правните акти согласно кои се институционализира алатката – форуми во заедницата;
  • Одлично познавање на процесот на изработка и донесување/усвојување на буџет на општините;
  • Искуство во спроведување обуки; (предност ќе имаат консултантите кои имаат искуство со испорака на обуки на оваа или слична тема);
  • Подготвеност за тимска работа со различни профили на стручни лица.

 

Понудата треба да го содржи следново:

  • Писмо на интерес со јасно назначено име на поединецот и податоци (адреса, телефон, е-пошта). Доколку се пријавува организација (компанија) тогаш треба во писмото да ги посочи имињата на двајцата предложени консултанти;   
  • Кратка биографија (CV) на консултантот/-ите;
  • Финансиска понуда т.е надомест по ден со сите вклучени трошоци. Понудата треба да вклучи најмногу 8 консултантски дена по консултант за реализација на задачата и тоа: 3 дена за ревидирање за Прирачникот за полагање испит за модератори, 3 дена за испорака на обука и 2 дена за спроведување на испит за сертификација на модератори. Понудената цена треба да биде изразена во бруто износ во македонски денари.

 

Целосното барање за понуди може да се преземе од вебсајтот на Програмата „Форуми во заедницата“: www.forumivozaednicata.com.mk и од сајтот на ЗЕЛС: www.zels.org.mk

 

Понудите треба да се достават до 20-ти април 2015 година лично или по пошта на долунаведената адреса:

 

Единица за координација на форумите

ул. „Мајаковски“ бр, 17/12,

1000 Скопје, Република Македонија

 

или по е-пошта на овие адреси: fisnik@fcu.mk со Cc: kristina@fcu.mk.

Понудата која се доставува по пошта треба да е заверена со датум, печат и потпис на одговорното лице. Доколку понудата се праќа по е-пошта, документот со датум, печат и потпис треба да биде скениран.