Запознај модератор

Даниела Андреска

Experience in Program, Organisation and Finance Management, Non-formal Education, Facilitation, Consultancy, working more than fifteen years in non-governmental sector on a complex and multifaceted development programs.
40 Years ZELS

Трајановски и амбасадорот, Лазорото ќе ги врачат сертификатите на 12 нови модератори за водење на „форумите во заедницата“

Анимал медика -trajanovski-i-ambasadorot-lazoroto-kje-gi-vrachat-sertifikatite-na-12-novi-moderatori-za-vodenje-na-forumite-vo-zaednicata

 

Утре, на 05 јуни, 2014 година (четврток) со почеток во 10.00 часот, во хотелот„ „Холидејин“, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија -ЗЕЛС, ќе организира свечена церемонија за доделување на сертификати за модератори за “форуми во заедницата”. Вкупно, 27 кандидати досега се стекнаа со овој сертификат, а на оваа свеченост сертификат ќе добијат новите 12 кандидати. Тие во периодот февруари – мај,оваа година, ги проследија обуките и успешно го положија усниот и писмениот дел од испитот.

На новите модератори, сертификатите ќе им ги врачат, претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски и амбасадорот на  Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. СтефаноЛазарото. На свеченоста ќе присуствуваат градоначалници, советници, претставници од општинска администрација и од граѓанските организациите кои ги имплементираат  форумите, во општините во нашата земја.

ЗЕЛС со реализација на Проектот „Сертифицирање на форумски модератори”, напредна фаза од Проектот “Форуми во заедницата”, подржан од швајцарската Агенција за соработка и развој (СДЦ) воспостави стандард за потврда на квалитет, во областа на модерирање на „форуми во заедницата”, воспоставувајќи комплетен процес за стекнување на сертификат на модератори,  чии услуги се во полза на општините што ја користат оваа понова форма на граѓанско учество во локалната власт. Целта на овој проект е  да се обезбедат  обучени лица за водење на ефикасни тематски форуми, каде граѓаните активно се вклучуваат во донесувањето на одлуки што се важни во нивното живеење во општината. Во тој процес модераторот има значајна улога во ефективното насочување на комуникација при спроведувањето на сесиите во ,,форуми во заедницата”.

Досега, во вкупно 52 општини во нашата земја, општинските совети изгласаа статутарни измени, при што, како нова форма на граѓанско учество на локалната власт, го институционализира и „форумот во заедницата“. Со тоа се овозможи населението уште поактивно да се вклучи во донесувањето на одлуки кои се важни за нивниот живот во општината, а на локалната власт, и овозможува да развива поуспешна практика на транспарентност во одлучувањето за важни прашања од локално значење, како што се утврдување на приоритети во инфраструктурни зафати, буџетски  и меѓуопштински форуми, форуми за поддршка на процеси и друго.

Листата на сертифицирани модератори, ќе биде поставена на веб страната на ЗЕЛС www.forumski-moderatori.mk, од каде општините ќе избираат сертифицирани модератори, при спроведувањето на „ форуми во заедницата“.