Квалитетната услуга на сертифицираните модератори значаен фактор за поголема примена на „форумите во заедниците“ во општините

ЗЕЛС продолжува со реализација на активности за подобрување на квалитетот на услугите на 37-те сертифицирани модератори за спроведување на граѓанската алатка „ форуми во заедницата“. На 23 март, 2016 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот беше одржана работилница на која беа поканети сите сертифицирани модератори, претставници од Швајцарската Агенција за соработка и развој (СДЦ), од Единицата за координација на форумите, како и експерти на Програмата, со цел да се овозможи размена на искуствата од досегашното спроведување на форумските сесии во општините, да се изнесат предизвиците но, и да се утврдат начините на нивното надминување.

повеќе ::

ОГЛАС за пријавување на општините за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2016 година

Програмата „Форуми во заедницата“ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во соработка со ЗЕЛС објавува ОГЛАС за пријавување на општините за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2016 година

повеќе ::

Изборот на сертифицирани форумски модератори е во завршна фаза

едницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, во рамките на своите редовни активности од почетокот на минатата година го вклучи и процесот на сертификација на форумски модератори. Со последниот, трет круг на сертифицирање спроведен и реализиран од страна на ЗЕЛС, на листата на сертфицирани модератори се впишани вкупно 37 лица. Поголем број од нив веќе имаат креиран и објавен профил на интернет старницата www.forumski-moderatori.mk , која е во функција веќе трета година, а развиена за потребите на модераторите и на општините.

повеќе ::

БАРАЊЕ ПОНУДИ за ангажирање на двајца консултанти за подготовка и спроведување на процесот на сертификација на модератори

Во рамките на Програмата на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) „Форуми во заедницата“, Единицата за координација на форумите – ЕКФ во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС спроведуваат процес за сертификација на форумски модератори. Согласно ова, програмата има потреба од ангажирање на двајца консултанти за подготовка и спроведување на процесот на сертификација на модератори. Општата цел на програмата „Форуми во заедницата“ е да се подобри партиципативниот развој на заедницата и доброто локално управување преку примена на структуриран инструмент за граѓанско учество - Форуми во заедницата.

повеќе ::

Трајановски и амбасадорот, Лазорото ќе ги врачат сертификатите на 12 нови модератори за водење на „форумите во заедницата“

Утре, на 05 јуни, 2014 година (четврток) со почеток во 10.00 часот, во хотелот„ „Холидејин“, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија -ЗЕЛС, ќе организира свечена церемонија за доделување на сертификати за модератори за “форуми во заедницата”. Вкупно, 27 кандидати досега се стекнаа со овој сертификат, а на оваа свеченост сертификат ќе добијат новите 12 кандидати.

повеќе ::

Запознај модератор

40 Years ZELS

Добредојдовте на интернет страницата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“

ПОЧИТУВАНИ, Добредојдовте на интернет страницата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“.За сите најнови настани и активности кои се дел од овој проект ќе бидете навремено известени токму на оваа информативна страна на ЗЕЛС, равиена за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“. На исто место, навремено и брзо, сите заинтересирани страниќе ги добијат сите неопходни информации за самиот процес на сертификација на модераторите вклучени во Форумите на заедницата.

Добредојдовте на интернет страницата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“

За сите најнови настани и активности кои се дел од овој проект ќе бидете навремено известени токму на оваа информативна страна на ЗЕЛС, равиена за проектот “Сертифицирање на форумските модератори“.